Унгарија ги замрзна цените за уште 3 месеци, Орбан се спрема за избори

Унгарија за уште три месеци ќе ги замрзне цените на горивата и на основните намирници, рече Орбан за најновата противинфлациска мерка пред изборите во април во своето годишното обраќање до нацијата.



На парламентарните избори на 3 април опозицијата за првпат ќе и се спротивстави на партијата на Орбан Фидес обединета, во идеолошки поинаква коалиција составена од либерални партии, но и од десничарскиот Јобик.

Истиот ден, Унгарците ќе гласаат на референдум за настава за правата на ЛГБТК + во училиштата и забрана на таква содржина во медиумите, за што се залага владата на Орбан.

Долгогодишниот унгарски премиер рече дека „замрзнувањето на цените функционира, ја продолжуваме таа мерка за уште три месеци“. Тоа значи дека цената на литар гориво ќе остане непроменета до 15 мај.

И покрај контролата на цените, унгарските потрошувачки цени пораснаа најмногу во јануари, како и инфлацијата, поради што аналитичарите предвидуваат дека ќе се зголемат и каматните стапки. Затоа Орбан ја ограничи каматната стапка за отплата на станбените кредити до крајот на јуни.