Бугарски фашизам: Американски весник и австралиски новинар ја решија дилемата

Американскиот весник The evening star (Утринска ѕвезда) кој излегувал во Вашингтон во 1934 година објавува текст со наслов Bulgaria goes fashist (Бугарија станува фашистичка).



Во текстот што го открива и објавува австралискиот новинар со македонско потекло Саша Узунов се опишани детали за државниот удар по кој земјата станува фашистичка.

Според американскиот весник текстот го започнува со ,,Фашизмот го продолжува својот триумфален марш низ југоисточна Европа а неговиот последен успех е проблематичното кралство Бугарија”.

Во текстот се вели дека ,,Фашистите кои сега имаат контрола во Софија се противат на исконската желба на Македонците за независна држава”.

Оргиналниот текст од овој текст кој значително и објективно ги решава дилемите дали Бугарија некогаш била фашистичка земја се чува во архивот на американскиот конгрес.

Официјалните позиции на Софија се дека Бугарија никогаш не била фашистичка земја иако според насловната фотографија на овој текст од 1934 година во оваа земја дури се печател весник со име ,,Бугарски фашист”.

Пред неколку дена професорот Мирослав Грчев кој важи за близок на СДСМ порача дека долго пред втората светска војна Бугарија била фашистичка држава.

Професор близок на СДСМ: Бугарија била фашистичка долго пред втората светска војна

Последно

Додека светот се соочува со иманентна катастрофа, какви се последиците за Балканот

Чкатроски, специјално за Expres.mk: Русија-Украина, ќе има ли војна?