Пајазити: „Пендаровски, наместо проевропски сили во Македонија има партии и политичари, кои го пљачкаат народот!“

„Во интервју за ‘Еуроњуз’ претседателот на државата Стево Пендаровски изрази огорченост кон Европската унија, која ја одложува интеграцијата на Македонија. Според него, ако повторно се случи доцнење, проевропските сили и реформистичките политичари ќе ги загубат следните избори во Македонија.“ – вели Мухамер Пајазити од Македонија, професор по евроинтеграции на универзитетскиот ИСПЕ колеџ на Косово, во својата колумна со наслов „Пендаровски, во Македонија нема проевропски сили, туку сите партии го опљачкаа народот“, која ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.



Пајазити пишува: „Претседателот ги обвинува Европјаните, додека се обидува со прашина да ја покрие вистината за државата, која ја претставува. А вистината е дека во Македонија нема проевропски партии и реформистички политичари, но има политичари, кои изнудуваа пари од државата и кои го пљачкаа народот повеќе од 20 години. Во времето на Груевски политичарите ги избираа судиите и обвинителите преку телефон. Оваа песна продолжи и во времето на Заев.“

„Претседателот треба да ја каже вистината дека оваа држава не ги исполнува условите за за влезе во ЕУ. Во оваа држава има минимални плати и највисоки цени во Европа.Оваа држава избра многу министри – Албанци, но вистината е дека албанското прашање остана како едно расипано возило, кое не се запалува.“

„Вистината е дека оваа држава веќе 30 години е во транзиција и се уште не преминала од комунистичкиот и полициски менталитет во демократски менталитет. Оваа држава не е во состојба да ја исполни ниту старата максима на француската револуција ‘слобода, рамноправност, братство’.

„Претседателот Пендаровски треба да ја каже вистината и пред европските телевизии. Ако ја признае реалноста и Европа може да донесе политички одлуки, но без измами кон Европа.“ – заклучува Пајазити во својата колумна.