Полицијата ги проверува наводите на хрватската манекенка Л.А. која на Инстаграм објави дека во Минхен видела момче кое многу личи на Матеј Периш, 24-годишниот сплиќанец што исчезна на 30 декември во Белград.
Тој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември кога го напуштил клубот „Готик“ во Белград во кој бил со своето друштво. Повеќе од еден месец трае потрагата по младиот сплиќанец на кој на помалку нејасен начин му се губи секоја трага.
Девојката која наведува дека работи како модел и повремено живее во Минхен,наведува дека момчето кое го видела бил висок околу 1.83 метри. Таа пишува дека три пати го сретнала момчето пред поранешниот ресторан Опатија во Минхен и го видела како подигнува пари од банкомат.
„За да нема забуна, ако е некој упатен, нека ми јави во приватна порака за да можам да ги контактирам надлежните органи“ – пишува девојката.
Од хрватската полиција за Index.hr потврдиле https://www.index.hr/vijesti/clanak/policija-provjerava-je-li-manekenka-u-m%C3%BCnchenu-stvarno-vidjela-mateja-perisa/2339058.aspxдека во соработка со српската и со германската полиција ги истражуваат наводите на девојката од Минхен. Од германската полиција побарана е проверка и чекаат повратна информација.
Информацијата дека полицијата ги проверува наводите на девојката која тврди дека видела момче кое изгледа исто како Матеј Периш, за хрватските медиуми ја потврдува и неговиот татко Ненад, кој истакнува дека и покрај надежта, внимателен е со ваквите информации бидејќи досега се покажале како неточни.







