Градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко објави дека властите одобриле план за евакуација во случај на можна руска инвазија.



„Нашите напори се насочени кон спречување или надминување евентуални провокации и отпор на воен напад. Постапуваме во согласност со јасен план“, изјавил Кличко.

На Запад и во Украина се загрижени за наводните подготовки на Москва за инвазија на Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјавите ги опиша како празна и неоснована ескалација на тензиите, нагласувајќи дека Русија не претставува закана за никого.

Во исто време, портпаролот на Кремљ не исклучи дека може да има провокации за оправдување на таквите наводи и предупреди дека обидите за насилно решавање на украинскиот конфликт ќе имаат исклучително сериозни последици.

Се повеќе земји ги евакуираат своите дипломати од Украина.