„Со новата вредност на минималната плата Владата за првпат во историјата на Македонија ќе направи цела категорија вработени во администрацијата кои досега беа барем малку над минималната плата сега да примат минимална плата.



Со самото тоа Владата прво ги омаловажува и понижува своите вработени и второ го зголемува процентот на вработени кои примаат минимална плата во државата од 13.8% на скоро 18%“, велат од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ).

УПОЗ бара скалесто да се зголемат и платите на вработените во државната администрација за да не се случи, не дај Боже, некој вработен во администрацијата да биде на минимална плата од 18 илјади, бидејќи, според УПОЗ, тоа е понижување.

Доколку не се исполни нивното барање, од УПОЗ се закануваат дека ќе организираат протести и блокирање на работа на одредени институции.