МНР: Не патувајте во Украина, тие што се таму да се вратат

Министерството за надворешни работи, следејќи ги одблиску состојбите во и околу Украина, апелира ците државјани кои планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во таа земја, а сите наши државјани кои сега се наоѓаат во Украина, доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата.



Соодветно на претходните повици, граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои сѐ уште не ги оставиле своите податоци во амбасадата, да ја контактираат Аммакедонската амбасада во Киев, со цел доставување на своите податоци, на телефонските броеви:
+380442877882
+380663951190
е-mail: dkpkiev@mfa.gov.mk

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk