Политичкиот аналитичар Даме Чкатроски како политичка пропаганда ја оценува авионската линија меѓу главните градови на Бугарија и Македонија.
Тој потсетува дека овој проект со кој сега се фалат владите на двете држави не е нов а не е ниту исплатлив.
,,Софија-Скопје по 5 пат воведоа авионска линија. Уште еден успех. Инаку порано се леташе 20 минути, а сега 35. Порано леташе млазен авион Ту-134, а сега е клипен. АБЕ УСПЕХ ДО УСПЕХ.
Инаку Скопје-Софија се леташе уште далечната 1991/2.
Уште 2-3 пати имаше прекини, а овој и четврт обид за ваква неисплатлива линија која лета ЧЕТВРТ ПАТ ПО СИСТЕМОТ – МИЖИ АСАН ДА ТИ БААМ ..ЧИСТО ПОЛИТИЧКО/ПРОПАГАНДА”, пишува Чкатровски кој се сеќава на другите обиди за воспоставување на редовна и исплатлива авио линија кои завршиле со неуспех.





