Разбиена криминална група во Бугарија, меѓу уапсените и двајца Македонци

Бугарската полиција откри криминални групи кои произведувале и дистрибуирале амфетамини и метамфетамини во Бугарија и во Македонија. Во полициската акција приведени се осум лица, меѓу кои двајца Македонци.



Синтетичката дрога се произведувала во бугарскиот град Сливен.
Двете криминални групи биле активни во Софија, во Сливен и во Враца.

Полицијата откри и заплени неколку килограми дрога, оружје и пари.