Драма во семејна куќа во скопската населба Сопиште каде на десетина минути пред пладне упаднале извршители со цел да стават под своја контрола дом на универзитетска професорка.
Професорката од економскиот факултет во Скопје Снежана Костадиноска Милошеска вели дека извршителите спротивно на законот и судски одлуки сакаат да и го одземат домот.
Костадиноска – Милошеска вели дека поседува судска пресуда според која таа е сопственик на две третини од домот и извршителите не смеат да го извршуваат нејзиниот имот.

Извори упатени во постапката тврдат дека човек од највисоките ешалони на власта на екс премиерот Заев кој сега самиот се соочува со законот е дел од обидот на универзитетската професорка да и се одземе семејната куќа.





