Инфомакс: Огромен притисок врз обвинети во Титаник за спас на обвинителка и премиерот

Се вршат огромни притисоци пред денешното рочиште за случајот Титаник, објави вчера порталот Инфомакс од каде се тврди дека обвинителството врбува невини луѓе да признаат вина за да се спасат кариерите на Стефанова и Ковачевски



,,Целта на притисоците, односно заканите и уцените кон обвинетите во случајот се во насока голем дел од обвинетите да признаат вина на утрешното рочиште.
Според нашите информации одговорна за притисоците врз обвинетите се лично обвинителката на поранешното СЈО, Лиле Стефанова, но и екс премиерот Зоран Заев.
Поентата на овие признанија на вина е најпрво ПР ефектот кој и е очаено потребен на Владата на Димитар Ковачевски во ситуација кога Македонија е економски, здравствено и енергетски клекната на колена”, пишува инфомакс во пресрет на рочиштето за Титаник.

Овие признанија според порталот би требало да ја спасат карирерата на обвинителката од Радовиш и да му пресудат на ВМРО-ДПМНЕ.

За овие невистините признанија, Инфомакс дознава дека Стефанова и екс премиерот не бирале начин, односно се користеле со крајно сурови методи за да ги клекнат на колена овие луѓе и невини да признаат вина.

,,Стефанова на дел од обвинетите им се заканувала со притвори и драконски казни во други предмети кои потекнуваат од поранешното СЈО. Не само што се заканувала туку нудела и во други предмети олеснувања за обвинетите, односно народски кажано тргувала со правдата нешто што е препознатлива карактеристика на целото СЈО и поради што Катица Јанева заврши зад решетки”, пишува порталот според кој приказната не завршува тука бидејќи а дел од обвинетите добиле закани дека ќе бидат отворени нови случаи против нив.

,,За да на јавноста и биде јасен степенот на тортура кои овие луѓе го минаа или низ кој минуваат изминативе години треба да се напомене дека за само неколку месеци од денес, судот во Стразбур треба да донесе одлука по однос на аболицијата на Иванов.

Најдоцна во април/мај месец меѓународниот суд за човекови права во Стразбур речиси сигурно ќе пресуди во корист на сите обвинети на СЈО и тие ќе бидат на слобода бидејќи никаде во демократскиот свет аболиција дадена од претседателот не може да биде повлечена, токму за да се спречи политички прогон.

Имајќи ја во предвид пошироката слика и пресудата на Стразбур малкумината кои го прифатиле гамбитот на Стефанова само би си наштетиле себе си во иднина”, анализира порталот.

Сепак Инфомакс дознава дека голем број од обвинетите во случајот не подлегнале под уцените на Стефанов, а утре ќе се изјаснат како невини и ќе се бранат во наредните рочишта со голем број докази и сведоштва кој ја докажуваат нивната невиност.

Дека нешто не е како што треба потврдува и фактот дека истите овие обвинети кои утре би признале вина, повеќе од 5 години го негирале делото.

Случајот Титаник се однесува на наводни изборни измами, но поради недостатокот на докази и постојаните одлагања на рочиштата за 14 обвинети во случајот минатата година застаре едно од делата за кои се гонеа.

Извор