Над 2.500 здравствени установи на раб на опстанок

Повеќе од 2.500 здравствени установи се во сериозна егзистенцијална криза, на раб на опстанок. Матичните лекари за 63 денари во месецот треба да дадат неограничен број улсуги, 24 часа, седум дена во неделата. Нема почитување на работните односи – реагира денеска Комората на приватно здравство.



Комората очекува да седне на маса со надлежните за да се надмине, како што вели, проблемот со постојаното минимизирање и обезвреднување на трудот на здравствените работници – матичните лекари, гинеколозите, стоматолозите и фармацевтите.

„Мора да се најде компромис. Во спротивно, државата нека излезе и нека каже дека нема потреба од доктори. Но, пациентите имаат, луѓето. Нашата дејност е од јавен интерес.

Итно треба да се седне со Фондот и да има дијалог, а не монолог. Не зборуваме за рушење на здравствениот систем, во никој случај, туку за изнаоѓање соодветни решенија.

Веќе има најави за затворање на здравствените амбулатни, посебно во помалите средини.

Сметките за струја што ги добија се енормно високи, 20.000 – 30.000 денари. Дополнително, 160 отсто е поскапено и горивото од 2001 година, а капитацијата е 63 денари“, беше речено на прес-конференцијата, пренесе Плусинфо.