Професорот по балканска историја на колеџот Сент Крос во Оксфорд, Џејмс Петифер, го критикува напуштањето на ДУИ, заедно со СДСМ, на седницата на собраниската Комисија за надворешна политика по предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се расправа за декларацијата за Гоце Делчев.
„Албанците во Македонија прават навистина сериозна штета на нивните долгорочни интереси со голтање на бугарската националистичка верзија на регионалната историја“, коментира британскиот експерт за Балканот на Твитер.






