Светската здравствена организација ги повика богатите земји итно да обезбедат 16 милијарди долари кои недостасуваат за финансирање на нејзиниот план за борба против пандемијата ан Ковид-19, објави АФП.
„Науката ни ги даде алатките за борба против коронавирусот. Ако тие се споделат солидарно ширум светот, би можеле да ставиме крај на СОВИД-19 како глобален здравствен итен случај оваа година“, рече генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој нагласи дека ако земјите со повисоки приходи го платат својот фер дел од цената на ACT-Accelerator, партнерството може да ги поддржи земјите со низок и среден приход да ги надминат ниските нивоа на вакцинација, лошото тестирање и недостигот на лекови.
Акцелераторот ACT-A, акроним од Access to tools against COVID (Пристап до алатки против КОВИД) , е создаден од водечки меѓународни здравствени агенции, како и од Светската банка и Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.
Под покровителство на СЗО, АСТ-А е одговорен за забрзување на пристапот до алатките за коронавирус во земјите во развој.







