Радев го свикува бугарскиот совет за безбедност поради ситуацијата во Украина

Бугарскиот претседател свикува редовен состанок на Советодавниот совет за национална безбедност.



Истиот ќе се одржи во вторник на 15 февруари во 14 часот, а шефот на државата темата ја дефинира како: „Ризици и закани за националната безбедност на Република Бугарија. Статус на вооружените сили. Неопходни мерки“ ,јавија бугарски медиуми.