ВМРО-ДПМНЕ ќе ги обелоденува криминалните тендери на претходните градоначалници од СДСМ/ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук вечерва објавува дека од утре започнува со објавување на криминални тендери на претходните градоначалници од СДСМ/ДУИ.



„Започнуваме со објавување на криминални тендери на претходните градоначалници од СДСМ/ДУИ.
Утре во 11:00 часот на прес конференција ќе обелодениме како еден скопски градоначалник преку скандалозен тендер за улично осветлување направил криминал од илјадници евра.

Следете не“, стои во нивниот пост на Фејсбук.