Политичкиот аналитичар и новинар Ивор Мицковски бара национален орден за Битолчанката што ја размонтира лагата на Бугаринот кој лажел дека е жртва на антибугарска пропаганда а всушност бил предмет на реваншизам од својата поранешна сопруга.
,,Некој си бугараш од Културниот центар „Иван Михајлов” кој сакал да отвори клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“ и кој и порано плачел по странски амбасади и Бугарија дека се соочувале со страв да се изјаснуваат како Бугари, деновиве и за скршениот излог на некој киоск што го имал пријавил дека е нетрпеливост кон Бугарите.
Неговата бивша жена сама се пријавила дека го скршила излогот.
Дајте и некој национален орден на женава, сама ја размонтира целата бугарска монтировка за омраза и нетрпеливост кон Бугарите во Македонија”, пишува Мицковски за инцидентот кој откри дека обвинувањето за антибугарска омраза всушност е нарушени односи меѓу екс сопружници.






