Укинат куќниот притвор и на Спиро Ристовски

Поранешниот министер во времето на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски излегува од куќен притвор. Тој е неправосилно осуден на шест години и три месеци затвор од Кривичниот суд Скопје за случајот „Организатори на 27 април”.



Кривичниот совет одлучил да ја прифати понудената гаранција од недвижен имот и да го ослободи од домашен притвор, а тоа ќе се случи кога ќе биде впишана во катастар. Нека податоци колкава гаранција понудил.

Предметот за случајот „Организатори на 27 април” е во Апелациониот суд Скопје, кој треба одржи јавна седница и да се произнесе за жалбените наводи на странките.

Минатата недела за истиот случај од домашен притвор беше ослободен и поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски. Тој е осуден на затвор од шест и пол години. Вељаноски како гаранција дека нема да побегне ја понудил куќата во која живее чија вредност била проценета на 210 илјади евра.