Син со нож убил татко во скопската населба Бутел

Полицијата денеска уапсила жител на скопската населба Бутел, кој со нож го прободел и го убил сопствениот татко, соопшти МВР.



„На 08.02.2022 во 11.34 часот од полициски службеници од СВР Скопје лишен е од слобода Б.Ј.(52) од Скопје, кој во својот дом на подрачјето на Бутел со нож му нанел убодна рана на својот татко В.Ј.(75). Тој бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски”, каде што од страна на лекар е констатирана е смрт“, велат од полицијата.

По документирање на случајот, против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од МВР.