Поранешната сопруга на секретарот на бугарскиот културен центар во Битола „Иван Михајлов“ го искршила стаклото од киоскот во негова сопственост кој го користел за продавање на свеќи и цвеќиња, лоциран на патот кон црквата „Света Недела“ во Битола, дознава „Плусинфо“.



Сопругата на секретарот синоќа јавно на Фејсбук напиша дека таа го искршила објектот поради нивни меѓусебни недоразбирања и изнесе причини поради кои е гневна и поради кои го искршила објектот. Таа порача дека и во соседна Бугарија треба да ги известат дека токму таа го нападнала објектот.

Вчера од Културниот центар објавија дека е нападнат објектот на секретарот на Културниот центар Иван Михајлов во Битола. Тие соопштија дека случајот е пријавен во СВР Битола, но и во генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола.

Поранешната сопруга и во полициска станица го признала делото