Бугарската амбасада во Скопје испратила нота до македонското МНР во која изразува длабоко жалење за вандализмот по заедничката прослава на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари.
Причина е кинењето на тробојните ленти од венците што бугарската делегација ги положи на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, од страна на непознати сторители веднаш по заминувањето на бугарската делегација, дознава Њуз.бг.
Во нотата се наведува дека овој чин не придонесува за духот на добрососедството и напорите на двете страни за интензивирање на билатералниот дијалог. Бугарија инсистира надлежните органи во Македонија да ги идентификуваат и казнат сторителите.






