Нова демократија го смени Петрос Дукас, градоначалник на Спарта и поранешен заменик министер за надворешни работи и финансии, и го исклучи од партијата откако тој изјави партија победила на изборите во 2007 година давајќи пари на жртвите од смртоносните шумски пожари што го опустошија регионот Илија тоа лето, јавува „Катимерини“
На видео од состанокот во Спарта на 2-ри февруари, на кој се разговараше за исплата на компензација на земјоделците кои ги загубија своите родови поради неодамнешните мразови, Дукас се пофалил дека „вака победивме на изборите во 2007 година“.
„Слеговме [таму] со торби и ги обештетивме сите што беа … [погодени од пожарите]“, се слушна како вели тој на видеото објавено на Фејсбук. „Буквално ја свртевме играта кога заостанавме 15% [на анкетите], требаше да бидеме уништени, отидовме таму и со два потега ја свртевме целата игра“, велел Дукас.
Од партијата ги отфрлија наводите на Дукас.
„Последните изјави на Петрос Дукас, освен што се неточни, немаат никаква врска со принципите и вредностите на Нова демократија“, се вели во соопштението на Нова демократија.
Дукас беше заменик министер за надворешни работи од 2007 до 2009 година и заменик министер за финансии од 2004 до 2007 година.







