Кардиологот Сашко Кедев, писателот Венко Андоновски, поранешната кандидатка за претседател на Македонија Мируше Хоџа се меѓу неколкуте предложени кандидати за нови академици на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
Кандидати предлагаат одделенијата на МАНУ, а има предлози за редовни кандидати, за дописни членови и за членови надвор од работниот состав. Кедев е номиниран за редовен член на МАНУ. Од одделението за медицински науки освен тој е предложен и Александар Димовски.
Од одделението за општестевни науки за редовни членови предложени се Драги Ѓоргиев и Изет Зеќири, додека од одделението за лингвистика и литературна наука е предложен Марјан Марковиќ.
Предлози на кандидати за избор за дописни членови на МАНУ поднесени од одделенијата на Академијата, од сенати на универзитетите, од наставно-научни совети на факултетите и од совети на научните установи се Веселинка Лаброска и Лилјана Макаријоска во одделението за лингвистика и литературна наука;
– Сашо Цветковски, Мируше Хоџа и Гордана Лажетиќ во одделението за општествени науки;
– Дијана Плашеска-Каранфилска во одделението за медицински науки;
– Зоран Хаџи-Велков во одделението за технички науки;
– Кирил Сотировски и Валентин Мирчески во одделението за природно-математички и биотехнички науки;
– Ангел Димовски-Чауш, Венко Андоновски и Лидија Капушевска-Дракулевска во одделението за уметност.




