Актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган ќе биде кандидат на „Народната алијанса“ на претседателските избори во 2023 година.
Следните општи избори во земјата – претседателски и парламентарни – ќе се одржат во Турција во јуни 2023 година.
Претходно, владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) чиј претседател е Ердоган и Партијата за национално движење (ПНД) ја формираа „Народната алијанса“.
Ердоган беше премиер на Турција од 2003 до стапувањето на претседателската функција во 2014 година.
Во политиката влезе како градоначалник на Истанбул од 1994 до 1998 година.
Тој е основач на Партијата на правдата и развојот (АКП).







