Ковачевски нема да ја користи премиерската вила на Водно

Премиерот Димитар Ковачевски се откажал од користењето на премиерската вила, дознава ТВ21.



„Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, не ја користи премиерската вила. Со семејството е во истиот дом каде што живееше и до сега. Нема побарано други привилегии“, потврдија од Владата за ТВ21.

Претходно во Вилата на Водно, многу краток период живееше поранешниот премиер Зоран Заев. Ниту Никола Груевски, како премиер не живееше во вилата. Во истата вила не престојуваше ниту техничкиот премиер Емил Димитриев, кој остана да живее во Пробиштип. Пред Заев, нејзин последен станар беше Владо Бучковски, кој оттаму си замина во 2006-та година.