На возилата на Противпожарната единица во Тетово последен пат гумите им биле заменети во 2005 година. Началникот на оваа единица вели дека секоја година алармирал, но нивното барање наидувало на затворени врати.
Континуирано се упатуваат барања со години, но никогаш не е добиен позитивен одговор.
„Точно е дека гумите на специјалните возила мора да се заменат, бидејќи откако ги добивме овие возила, гумите никогаш не биле заменети. Барањето го упативме до надлежните органи и верувам дека ќе наидам на позитивни вести и овие гуми ќе се сменат“, изјави Ука Алити, раководител на противпожарно
Старите гуми не се единствениот проблем на Противпожарната бригада во Тетово. Оваа единица со години апелирала да се зголеми бројот на пожарникари, но надлежните не покажале подготвеност да одговорат на овие потреби.





