ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со флоскули го брани скандалот во МВР

МВР на Спасовски дала еден милион евра за водоинсталатерски работи на фирма за камионски транспорт на лице блиско до партијата, вели ВМРО-ДПМНЕ.



„Наместо одговори и одговорност од МВР за неразумните прескапи тендери, СДСМ со флоскули го брани скандалот, со што ја потврдува партиската релација во случајот.

МВР и Спасовски да одговорат дали е измислица дека фирмата Дон холдинг ДООЕЛ Скопје добила два тендери вредни еден милион евра, што лесно може да се провери?

МВР и Спасовски да одговорат дали Дон холдинг ДООЕЛ Скопје е фирма регистрирана за водоинсталатерски работи, дали е регистрирана за Соларни Панели, или е регистрирана за товарен транспорт?

МВР и Спасовски да одговорат дали фирмата Дон холдинг ДООЕЛ Скопје, во предизборен период, добива тендер вреден половина милион евра?

МВР и Спасовски да одговорат дали фирмата Дон холдинг ДООЕЛ Скопје, во предизборен период, во септември, добива тендер вреден половина милион евра, по што тендерот е поништен па повторен во јануари со избор на истата фирма, Дон Холдинг ДООЕЛ Скопје?

МВР и Спасовски да одговорат дали Дон холдинг ДООЕЛ Скопје е истата фирма којашто беше вмешана во коруптивен скандал во Општина Ѓорче Петров за набавка на две машини за перење од 25.500 евра?

Без овие одговори и отворање на предмет во ЈО, СДСМ и Спасовски го поттикнуваат впечатокот за приватизирање на МВР во служба на криминалот и корупцијата“, се вели во соопштението.