„Во ‘Интервјуто на неделата’ на ТВ 21 политичкиот аналитичар Џелал Незири анализира дека оваа Влада многу тешко ќе преживее до крајот на мандатот. Клучниот фактор за тоа дали Македонија ќе оди, или не, на предвремени парламентарни избори ќе зависи од тоа дали Владата на чело со премиерот Димитар Ковачевски ќе успее да го убеди бугарскиот премиер Петков да го тргне ветото за почеток на преговорите со ЕУ.“ – пренесе информативната агенција на албански јазик „Журнал“.
Журнал“ пренесува: „До јуни ќе се знае како ќе постапи бугарската страна: дали ќе има договор за укинување на ветото и Македонија да почне преговори, или блокадата ќе продолжи. Ако се тргне ветото, многу е веројатно дека оваа Влада ќе продолжи до крајот на мандатот. Во спротивно, нема смисла земјата да биде управувана од Влада, која има вакво парламентарно мнозинство, што не успева да ја исполни главната цел.’ – нагласи Незири.“
„Со оглед на неодамнешните анкети кои покажуваат дека ВМРО ДПМНЕ е во подем, а СДСМ е во пад, и во случај СДСМ да прифати предвремени парламентарни избори, тоа би бил директен пренос на власта врз ВМРО ДПМНЕ. Но, дали Ковачевски ќе успее да го реорганизира СДСМ, да го укине бугарското вето, останува да видиме до средината на јуни.’ – рече Џелал Незири.“





