Посетата на Скопје јасно покажа дека на ниво на политичка доверба или подобро кажано недоверба, односите меѓу РСМ и Бугарија се далеку од добри. И ниту една бугарска влада не е виновна за ова од 1991 година, вели Мирослав Зафироф, бугарски дипломат во УНЕСКО во Ерусалим.
„Се соочуваме со луѓе кои не сакаат да прават компромиси, а во моментов бараат излез од застојот на блокираните преговори. Тие не се добри шахисти, тие се нетрпеливи и затоа се агресивни. Тие сметаат дека Бугарија можеби е подготвена да попушти, што не се гледа како компромис, туку се користи“, вели Зафиров во анализа за БГНЕС.
Според него , во таква ситуација најдобра тактика е во Бугарија да бидат трпеливи и истрајни во барања кон Скопје.
„Временски хоризонт не може да има, бидејќи се работи за наш национален интерес. Нашите барања не се незаконски, не се нешто од кое треба да се срамиме. Ако некој мисли поинаку, ако некој во нашата позиција гледа рудиментирани остатоци од минатото, тогаш ова е грешка“.
Зафиров вели дека проблемот во односите со РСМ не е поврзан со тоа чиј е Гоце Делчев, туку во тоа што Софија прави преседан одбивајќи да го брани својот национален интерес.
Оценува дека посетата на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска на Република Македонија уште еднаш покажа дека Скопје кон Софија се однесува со предрасуди и дека по секоја изјава на премиерот Кирил Петков и неговиот тим, во Скопје се уверени дека прашањето за почеток на преговори е прашање на време.
„РСМ е должна да знае дека без решавање на проблемот со правата на Бугарите, без решавање на прашањето за идеологијата на омразата и антибугарскиот наратив и без никакви претензии за нашата национална историја до 1945 година, нема да започнат преговори“.






