Камила ќе стане кралица, најави Елизабета Втора

Војвотката од Корнвол ќе биде крунисана за кралица Камила кога принцот Чарлс ќе седне на тронот на Обединетотоп кралство, објави Елизабета Втора на денот на одбележување на платинестата годишнина (70 години) на власт, објави „Телеграф“.



Во писмена порака до земјата и Комонвелтот, Нејзиното Височество одлучи да го реши клучното прашање што лебди околу сопругата на принцот Чарлс, војвотката од Корнвол, откако таа во 2005 година стана дел од кралското семејство.

Кралицата ја изрази својата „искрена желба“ нејзината снаа да стане „кралица“ кога принцот од Велс еден ден ќе стане крал.Елизабета Втора повика јавноста да го поддржи нејзиниот најстар син и „неговата сопруга Камила“ на ист начин како што ја покажаа својата љубов и лојалност во текот на нејзиното долго владеење.

„Останувам вечно благодарна и понизна од лојалноста и наклонетоста што продолжувате да ми ги давате“, рече кралицата во пораката.

„И кога, во полно време, мојот син Чарлс ќе стане крал, знам дека ќе му ја дадете и нему и на неговата сопруга Камила истата поддршка што ми ја дадовте мене; и моја искрена желба е, кога ќе дојде тоа време, Камила да биде позната како кралицата ‘придружничка’.

Нејзините зборови потврдуваат дека актуелната војвотка од Корнвол еден ден ќе и биде ословувана во јавноста како кралица Камила и ќе и се обраќаат со „Нејзиното Височество“.

Таа ќе биде крунисана рамо до рамо со нејзиниот сопруг, а парот отсега ќе се нарекува „Крал и кралица“.