Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе стане нов гувернер на Норвешката централна банка, а во медиумите веќе се шпекулира за тоа кој би можел да го наследи на местото прв човек на Северноатлантската алијанса.
Месеци наназад, одредени политичари во медиумите се прогласувани за негови наследници. Ова е листата на кандидати кои би можеле да дојдат на местото на Столтенберг.
Тереза Меј
Меј била британска премиерка од 2016-та до 2019-та година, а доколку биде именувана за наследничка на Столтенберг, ќе стане првата жена на чело на НАТО. Во тој случај, нејзиниот избор би можел да ја афирмира Британија да се позиционира како уште помоќен европски и трансатлантски играч.
Марк Руте
Актуелниот премиер на Холандија на таа функција се наоѓа од 2010-та година. Неговата кандидатура е логична, бидејќи земјата која тој ја претставува е членка основач на НАТО. Сепак, тој кон средината на декември минатата година, по тешки коалициски преговори освоил четврти мандат, па можеби нема да го менува своето место за позицијата генерален секретар на НАТО.
Каја Калас
Калас е премиерка на Естонија, и уште една жена која се нашла на оваа листа. Таа е позната во светот по остриот став кон Русија, критикувајќи ги своите колеги кои се потпираат на руската енергија.
Освен Калас, и поранешната претседателка на Естонија, Керсти Калјулаид се споменува во медиумите како можен наследник на Столтенберг.
Федерика Могерини
Италијанската политичарка која на меѓународната сцена се истакнала како висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, исто така се нашла на оваа листа. Италија да го преземе лидерството на НАТО е логичен избор, бидејќи таа земја имала само еден свој човек на чело на оваа организација.
Клаус Јоханис
Јоханис, актуелен претседател на Романија, има неколку асови во ракавот. Прво, земјата која ја води е една од најдобрите во НАТО кога станува збор за воена потрошувачка. Романија е добро позиционирана, бидејќи се наоѓа во источна Европа.





