Професорот Љубимир Цуцуловски вели дека не смее да се дозволи Македонија постојано да дава нешто на другите земји.
Тој бара Бугарија да се сврти кон својата историја наместо да инсистира да се вгнезди во македонската.
,,НЕ СМЕЕ… Не смее да се дозволи Македонија севезден нешто да дели/споделува со некого, макар била и Бугарија, оти Македонија не е добротворно друштво, кое треба да ги задоволува потребите на другите. Оттука, не смее, на кој било начин, да се дозволи заедничко чествување/споделување на Гоце Делчев, оти тој е неделив.
Ако на Бугарија нешто ѝ фали/недостига, ако во нешто се чувствува инсуфициентна, тогаш нека се сврти кон себе и кон својата историја, наместо бесрамно да се вгнездува во туѓи гнезда. Во случајов: Македонија, нејзината историја и Гоце Делчев”, порачува професорот.





