Не е точно, г.Министер Маричиќ, дека “одговорноста за корупцијата е на секого, од најниско до највисоко ниво”му порача екс-министерот и аналитичар Џевдет Хајредини на експремиерот за правда и актуелен вицепремиер за евроинтеграции.



„Апсолутно не е така, тоа е чиста демагогија .

Најголема, во прв ред, одговорноста е на тие што сиромашниот народ од буџетот ги плаќа корупцијата да ја спречат, а корумпираните да ги откријат и да ги казнат, а тие тоа или не сакаат или не можат да го прават, сè едно .

Корумпирани можат да бидат токму тие и само тие што се овластени да одлучуваат за трошење на парите и имотот на државата(читај: народот). Затоа, министре, одговорност за корупција не може и не треба да се бара од секого.

Тие што не се на власт, и да сакаат, корумпирани не можат да бидат. Фактот што Македоноја веќе долго време е меѓу најкорумпираните земји во светот, време е најодговорните за тоа да бидат сменети.Апсурдно е да се очекува корумпираните да се борат против корупцијата“.