Денеска во црквата Свети Спас на денот на одбележување на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, се поклонија дел од врвни македонските историчари кои не се дел од владините планови за научен и историски компромис на штета на македонскиот народ.
Меѓу тие што денеска оддадоа почит на великанот беше пофесорот Ванчо Ѓорѓиев, кој ја напушти историската комисија од македонска страна затоа што имало политички притисок од страна на владата.
Присутни беа и Наташа Котлар, Далибор Јовановски, Митко Б. Панов, Никола Жежов и други врвни научници од историските науки.
Македонските власти овие научници кои сметаат дека Делчев се борел за македонска а не бугарската држава, не ги прашуваат што мислат за односите со Бугарија односно ги игнорира сите тие што се противат на заедничка историја и толкување на историјата на штета на Македонија.
Повеќе детали на овој ЛИНК





