Ако властите во Скопје не го почитуваат споменот на Гоце Делчев, нека ги вратат неговите коските во Домот на македонските Бугари во Софија! Бугарија го сака војводата и соодветно ќе го почитува, побара ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов во соопштение до медиумите.
Од партијата го изнесуваат и ставот за односите со Бугарија:
„Преговорите за членство на Македонија во ЕУ треба да се прекинат на 2 години, се додека сакаат да се блокира историската комисија! Владата на Република Бугарија еднострано да ги прекине преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ“ велат од партијата на Каркачанов, пренесе БГНЕС
На денешното чествување на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, велат дека „пак, сведоци сме на арогантен и непочитувачки однос на политичарите во Скопје, каде што во 1946 година комунистичките власти во Бугарија ги предале коските на легендарниот стратег и идеолог на БМОРЦ, подоцна преименувана во ВМРО или наследник во борбата“.
Во соопштението се вели дека „ако посмртните останки на војводата Гоце Делчев не ги почитуваат соодветно од политичарите во Скопје, нека бидат љубезни да ги вратат таму каде што им е местото – во Софија, во Домот на македонските Бугари (Македонска куќа) на Пиротска и улиците Георг Вашингтон, од каде што комунистичките власти ги одведоа, вршејќи национално предавство, и ги предадоа на Југославија“.






