Обвинители во Србија велат дека нема докази дека Новак Ѓоковиќ им презентирал лажни сертификати за тест за Ковид на австралиските власти, објави Би-Би-Си.
Извештај на Би-Би-Си минатата недела фрли сомнеж врз тестовите, сугерирајќи дека сериските броеви не соодевствуваат по редослед со други тестови извршени во слично време.
Тестовите на Ѓоковиќ му беа потребни за да влезе во Австралија и да учевствува на Австралија опен иако не бил вакциниран. На крајот, барањето за виза му беше одбиено и тој не учествуваше на турнирот, па дури и беше депортиран по одлука на властите.
Јавното обвинителство на Белград сега соопшти дека Министерството за здравство потврдило дека документите се автентични.
Прегледот на „електронската база на податоци“ која содржи детали за тестовите и резултатите и покажува дека првичниот позитивен тест на Ѓоковиќ и неговиот подоцнежен негативен резултат биле валидни.







