Николовски: Министер на СДСМ склучил тендер со фирма од ,,црната листа” на САД (ВИДЕО)

Министер на владеачката СДСМ потпишал тендер со компанија која е на листата на компании чии имоти и средства се блокирани а бизнисот со нив е забранет од страна на САД.



Ова во вид на прашање вчера го отвори како тема потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.

Тој во емисијата ,,Клик плус” на ТВ21 постави јавно прашање дали член на оваа влада потпишала тендер со фирма од таканаречената OFAC листа.

На оваа листа каде што се наоѓаат поединци или фирми кои работат на загрозување на американската, глобалната или регионална безбедност има и терористички организации и поединци.

На оваа листа има и десетина македонски граѓани кои се закана за регионалната безбедност.

Која е компанијата и кој е министерот кој потпишал тендер со фирма која е на цената листа на САД Николовски не откри но според начинот на кој го постави прашањето нивните имиња ќе бидат наскоро објавени од страна на опозицијата

Делот од интервјуто каде Николовски го поставува прашањето.

Целата емисија Клик Плус

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/442364617590772/