30 дена притвор одреди истражен судија на битолчанецот Стевче Зика, кој упатил пишани закани до двајцата обвинители Љубомир Јовески и Вилма Русковска.
Битолчанецот З.С, кој во писмо до обвинителет Јовески барал “ослободување“ на двајца новинари на Алфа – случај кој е завршен минатата година) е осомничен за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Заканувачот е уапсен вчера, а по разговорот со него и по извршеното графолошко вештачење од страна на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења, утврдено е совпаѓање на обезбедениот ракопис од него и ракописот во напишаните заканувачки писма.







