Модриот патлиџан изобилува на пазарот во моментов, па освен што го користиме за во зимница еве една идеја и за ручек.
Потребнисостојки:
-4 модри патлиџани
-300 гр. мелено месо
-4 јајца
-1 главица кромид
-1/2 лит. млеко
-4 мали лажици брашно
-масло
-2-3 домати
-црн пипер
-магданос
-сол

Начин на подготовка :
Исечете ги патлиџаните на две половини по должина и испржете ги на масло од двете страни. Испржете го кромидот, додајте тo месото и добро испржете гo. Потоа додајте црн пипер, магданос, промешајте го добро и тргнете гo од оган. Во месото додајте едно јајце. Во тавата во која ќе се печат патлиџаните нарендајте ги доматите, преку нив ставете ги патлиџаните и со притискање со лажица направете во нив вдлабнатина. Секоја вдлабнатина наполнете ја со меленото месо и ставете ја тавата во рерна. Кога ќе биде печено до половина, извадете ја тавата од рерна и прелијте ја со крем припремен на следниот начин: се матат јајцата, се додава брашното и се налива сo врело млеко. Се става на оган да се зтусне, се посолува малку и се прелива преку патлиџаните. Се враќа во рерна да се допече.




