„Мое лично мислење е дека заедничкото политичко чествување на Гоце Делчев од страна на двете влади ја става комисијата во поглед на заедничките чествувања во една апсурдна ситуација“ вели за РСЕ копретседателот на заедничката бугарско-македонска комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев.
„Ако политичарите се договараат заеднички да чествуваат одредени личности или настани од историјата на Македонија и на Бугарија околу кои има некои точки на спојување тогаш која е целта на самата комисија?
Што треба таа комисија да направи во однос на Гоце Делчев, ако веќе самите политичари се договориле да го слават Гоце Делчев заедно? “ вели Ѓорѓиев.
Заедничкото чествување на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на политичари од Македонија и од Бугарија би требало да се одржи в петок на четврти февруари.







