Лидерот со машина за броење пари нема монопол врз Албанците

Добро е што Ахмети признава дека покрај СДСМ главната причина за неуспех на државата е самата ДУИ, лошата вест е што ДУИ заедно со СДСМ продолжуваат да ја пљачкосуваат државата, реагира ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.



„ДУИ да не ја монополизира својата улога кај Албанците, бидејќи ако за ДУИ беа вистински важни Албанците, немаше да ги крадат со тендери и криминал, како што тоа СДСМ го прави на ниво на цела држава. Секогаш кога Ахмети сака да се додвори кај странскиот фактор веднаш се откажува од Косово, а секогаш кога треба да крадат и да им врват тендери во четири очи, зборуваат во јавноста за патриотизам. Во канцеларијата на кој лидер во светот наместо книги, стои машина за броење пари, како што е случајот со Али Ахмети? Тоа е доказ дека ни права ги интересираат, ниту имаат чувство за грижа за народот, туку само тендери и договори во четири очи“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека ДУИ го нема монополот кај Албанците, а на тоа треба да реагираат и Алијанса на Албанците, и БЕСА, и Алтернатива и сите останати партии.

„Критиките кон ДУИ не се критика кон Албанците, туку критика кон криминалците кои ги злоупотребуваат сите граѓани. Затоа денес имаме влада администрирана од Ковачевски, а вистински водена од ДУИ на Груби, Бектеши и Османи, влада без резултати, каде од зелена агенда ја признаваат само зелената боја на парите. И Македонците, и Албанците со СДСМ и ДУИ живеат сѐ потешко“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ од каде ја испратија објавената фотографија од канцеларијата на Ахмети.