Уставниот суд го отфрли барањето за заштита на слободите и правата поднесено од професорката Тања Каракамишева во 2019 година, во кое таа образложува дека со Договорот од Преспа и се повредени правото за забрана од дискриминација и правото на слобода на мисла и изразување.
Ррофесорката Тања Каракамишева побара Уставниот суд да се изјасни „Дали Договорот од Преспа ги дискриминира македонските граѓани по основ на национална припадност и правото на слобода на уверување?
Во образложението таа тврди дека и повредени правата содржани во членот 110 од Уставот а тоа е е правото на забрана од дискриминација по основ на национална припадност и правото на слобода на уверување, совеста, мислата и јавното изразување на мислата од член 110 став 1 алинеја 3 од Уставот, гарантирани со меѓународни документи.







