Македонската информативна агенција или како што владата ја нарекува Медиумската информативна агенција МИА вчера не го пренесуваше на Фејсбук обраќањето на претседателот Пендаровски во кое тој кажа неколку работи кои се спротивни на позицијата на владата во односите со Бугарија.
МИА вчера објави вести за дел од тоа што го кажа Пендаровски на прес конференцијата но видеото од пресот на шефот на државата кое предизвика реакции од Софија, по што бугарска министерка го откажа патувањето во Скопје, го нема и денеска на веб сајтот и Фејсбук групата на МИА.
Во текот на вчерашниот ден МИА во живо ги пренесуваше прес конференциите на министерот за образование Јетон Шаќири, на комисијата за заразни болести и на директорот на пошта Јани Макрадули но не најде сили да го пренесе преку стриминг и тоа што го кажа претседателот Пендаровски.
Предходно завчера МИА покрај видеото во живо со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски по втор пат преку својот ,,стриминг” сервис на Фејсбук емитуваше настан на директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов кој зборуваше за карпата на Матка за која тој кажа дека не е опасност за планинарите а за која зборува од 20 јануари.
Знаеше ли владата која именува директор на МИА што ќе каже Пендаровски на прес конференцијата и затоа не бил вршен пренос во живо или македонската национална агенција МИА не сметала дека е важно што ќе каже шефот на државата по седницата на советот за безбедност?
Вчера бугарскиот премиер Петков во Софија изјавил дека е среќа што за македонските позиции кон Бугарија одлучува владата а не Пендаровски.
Последна вест
Кадарот на Рамиз Мерко и ДУИ испровоцира барање за гаснење на интернетот
Министерот за образование што честита почеток на учебна година во февруари (ВИДЕО)






