Состанокот на Комисијата се уште е во тек, а извори од ова советодавно тело за Фактор брифираат дека од денеска има големи промени.
Од претседателското место, заминува д-р Жарко Караџовски, а на негово место, министерот за здравство го именувал д-р Александар Петличковски, актуелниот директор на Институтот за имунологија. Според изворите на Фактор, Комисијата за заразни болести добива и портпарол, а за оваа позиција е назначен д-р Злате Мехмедовиќ.
Во Комисијата за заразни болести, според порталот Фактор, како член влегува познатиот токсиколог д-р Нико Беќаровски, кој во изминатиот период за време на целата ковид криза во Македонија е активен и на социјалните мрежи и во медиумите со негови ставови, мислења, предлози.
Нови мерки не се предлагаат, но нема ниту олабавување на актуелните, а освен тоа денеска Комисијата за заразни болести, како што вчера најави министерот за здравство Беким сали, решава како и кога ќе биде спроведен скринингот во училиштата, откако денеска започна второто полугодие со физичко присуство на учениците. Скринингот ќе биде изведен преку центрите за јавно здравје кои ја водат евиденцијата на сите позитивни случаи.





