Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе ја посети Украина каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Според соопштението од Кабинетот на британскиот премиер, тој со Зеленски ќе разговара за стратешката поддршка што Велика Британија може да и ја понуди на Украина.
„Ја повикуваме Русија да се повлече и да се вклучи во дијалог со цел да се најде дипломатско решение и да се избегне понатамошно крвопролевање“, рече тој пред пристигнувањето во Украина.
Посетата на Џонсон ја одразува неговата желба да ја позиционира како играч во меѓународните односи, додека дома се справува со политички скандал околу повеќе собири и прослави во Даунинг стрит за време на карантинот, што би можело да го принуди да се повлече.






