Сорос бара да биде сменет кинескиот претседател!?

Милијардерот Џорџ Сорос повика на смена на кинескиот претседател Си Џинпинг во понеделникот, споредувајќи ги претстојните Зимски олимписки игри во Пекинг во 2022 година со Олимписките игри во нацистичка Германија во 1936 година.



Сорос, основач на фондацијата Отврорено општество, ја нарече Кина „најмоќната авторитарна држава во светот“ и „најголемата закана со која се соочуваат отворените општества денес“.

Сорос тврди дека Кина, „како и Германија во 1936 година, ќе се обиде да го искористи спектаклот“ на претстојните Олимписки игри во Пекинг „за да постигне пропагандна победа на својот систем на строга контрола“.

Тој го нарече кинескиот претседател „вистински верник во комунизмот“, за разлика од поранешниот кинески лидер Денг Ксијаопинг, кој воведе реформи на слободниот пазар.

Сорос предупреди дека идоли на Си Џинпин се „Мао Це Тунг и Владимир Ленин“.

Сорос го заврши својот говор во институцијата Хувер со повик за промена на режимот во Кина.
Тој изјави дека се надева дека Си Џинпинг може да биде заменет со некој што ќе биде помалку репресивен, пренесува RT.