Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано се 22 починати лица од кои 10 од Скопје (49г, 52г, 59г, 62г, 67г, 68г, 70г, 71г, 85г и 87г), по 2 починати лица од Гевгелија (67г и 75г), Охрид (79г и 86г) и Струга (73г, и 74г) и по едно починато лице од Битола (84г), Делчево (75г), Кичево (86г), Кратово (29г), Неготино (56г) и Струмица (82г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.



Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Кичево (2), Валандово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 56г до 81г. Пријавените лица се починати во домашни услови, во период од 26.01.2022 -27.01.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=26), 14 лица се целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.197 тестови, а регистрирани се 711 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 505, Кавадарци – 30, Струмица – 26, Куманово – 25, Охрид – 21, Битола и Штип – по 17, Прилеп – 12, Струга и Гевгелија – по 9, Тетово – 7, Велес – 5, Гостивар, Неготино и Богданци – по 4, Делчево – 3, Кочани, Пробиштип и Демир Капија – по 2, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (711), регистрирани се 84 реинфекции.

Новиот министер за здравство Беким Сали објави дека не се потребни нови анти-ковид мерки.

Тој информираше дека има благо покачување на хоспитализациите на заразените до ковид-19, но засега сè е под контрола.,

„Од аспект на кадар сосема добро сме организирани. Ни останува да почекаме да се намалува бројот. Засега нема нови мерки, а затоа нема ниту потреба. Нема да се укинат ниту сертификатите, рано е за тоа, акцент да се стави на вакцинацијата. Вака како што сме сега, продолжуваме“ посочи министерот Сали.