Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави видео од интервју во кое ја анализира предноста на неговата партија пред владеачката СДСМ.
Според него предноста на опозицијата во анкетите е околу 85 илјади гласови или 30 илајди повеќе од локалните избори.
,Поискусните знаат дека 4,6% предност на анкетите за опозиција е сериозна предност во услови кога имаме ваква поделеност во општеството.
Кога би го претвориле овој број во гласови, би било повеќе од 85 000 гласа разлика. На локалните избори имавме 55 000 гласа разлика, заедно со советничките листи. Сега таа е зголемена”, вели Мицкоски во видеото што може да ги видите подолу.
Ако овие 85 илјади гласа предност се претворат во пратенички места тоа значи меѓу 8 и 13 народни претставници во Собранието.
Кликни за видеото со изјавата





