Министерот Сали вели дека нема да ги молел Даниловски, Пановски и Марковски

Не е период за лични дискусии и молење и други начини на покани, сега е период на засукување ракави и да се справиме со пандемијата, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали, откако професорите д-р Драган Даниловски, д-р Никола Пановски и д-р Вело Марковски изјавија дека преку Фејбук не се праќа покана да се приклучатна Комисија за заразни болести.



„Поканата е јавна до сите експерти. Во случај на пандемија, односно во случај кога ние се бориме против еден вирус мислам дека не би требало да пристапуваме со начинот како сме повикани, туку треба да пристапиме позитивно кон поканата и да одговориме и да бидеме членови на комисии, односно работни групи каде што се судруваат или се дискутираат аргументи со цел доаѓање до некое одредено, привремено, можеби и трајно решение, потенцира министерот Сали“