Најнов дел од сагата за карпата на Матка, Ангелов бара коректност од медиумите (ВИДЕО)

Уште една прес конференција на директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов кој повторно зборуваше за карпата од 20 тони која може да падне во кањонот Матка.



Карпата и по десетина дена од објавата не е елиминирана како опасност за граѓаните.

Ангелов е лут на новинарите и медиумите кои објавиле дека тој се занимава со ова прашање за да ја дефокусира јавноста од другите теми како Буграија.

Сепак индиректно потврдува дека карпата не е опасна за планинарите кои одат на Матка.

Тој бара медиумите да не објавуваат дека Стојанче држи прес туку дека тоа го прави директорот на ЦУК.

Првата прес конференција Ангелов ја направи уште пред десетина дена кога известување за нестабилна карпа во реонот на кањон Матка добил Центарот за управување со кризи од ЕВН.

Тогаш на прес-конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов објави дека
карпата се наоѓа на стотина метри високо над самиот ѕид на браната и тежи околу 20 тона – рече Ангелов.

Од ЦУК тогаш испратиле барање до повеќе релевантни институции кои треба да излезат на терен и да проверат.

,,Се работи за голема кинетичка енергија. Кога оваа карпа би паднала во браната има неколку потенцијални правци на движење. Бидејќи самата карпа се наоѓа блиску до сртот и врз правецот можат да влијаат повеќе фактори. Воедно при лизгањето на оваа карпа можат да бидат предизвикани лавина од други камења и карпи што би паднале најверојатно во водата во близина на ѕидот. Од првичните информации што ги имаме од ЕВН овие карпи не би ја загрозиле самата брана и ѕидот, но ние дополнително сакаме да ги провериме ваквите податоци”, изјави тогаш Ангелов.

Што кажа денеска на прес конференцијата која заврши без прашања од новинарите видете во видеот.

Кликнете на линкот

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/693098075177195/